| четврток, 6 декември 2018 |

Атмосферата во Брисел за време на посетата на Иванов: Земјата под опсада, опасност од тероризам, НАТО на нозе…

2015-11-24_wor_14869959_I1Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на НАТО во целосен мрак го пречекал претседателот Ѓорѓе Иванов во седиштето на Алијасната. На денот кога во НАТО се возбудени духовите поради соборувањето на рускиот авион на небото меѓу Сирија и земјата членка на НАТО Турција,  повеќе од три часа седиштето на Алијансата во Брисел останало без електрично напојување, јави МИА од Брисел.

Пренесувајќи ја атмосфера во која се одржа состанокот Столтенберг – Иванов, по која веднаш почна вонредниот Северноатлантски совет кој го свика Турција во однос на денешните настани со соборувањето на рускиот авион, МИА анализира дека дводневната работна посета на претседателот Иванов на Брисел не можеше да дојде во полошо време со оглед на тоа што во европската и белгиска престолнина владее целосна воено полициска окупација поради четвртиот степен на закана по безбедноста, а во однос на можни терористички напади во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top