-Русија го има забележано протекот на нафта од сириска територија под контрола на терористите кон Турција – рече Путин.
Очигледно, ИСИС не само што добива приходи од шверцот на нафта, туку добива и заштита од турската војска – рече рускиот претседател.
-Ова може да објасни и зошто терористичката група толку смело спроведува терористички акти низ целиот свет – додаде тој.
-Инцидентот ќе има огромни последици врз руските односи со Турција – предупреди Путин.
_Фактот дека Турција не се обиде да ја контактира Русија по инцидентот и потрча да свика состанок на НАТО е навистина загрижувачки – рече Путин. – Се чини дека Турција сака НАТО да им служи на интересите на ИСИС – рече рускиот претседател и додаде дека Русија ги почитува регионалните интереси на другите нации, но предупреди дека злосторствата извршени од Турција нема да поминат без одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.