| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Пожар избувна попладнето во средата во студентскиот дом „Гоце Делчев“, во скопската населба Тафталиџе. Командирот на противпожарната бригада, Благоја Менковски рече дека пожарот избувнал на приземје во еден од блоковите на студентскиот дом и дека зафатил 30 до 50 квадратни метри.

pozar-vo-studentski-dom-gc-3

Во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила, а пожарникарите не дозволиле огнот да се прошири во соседните соби. Пожарот е изгаснат, а сега се врши расчадување во опожарените простории. Повредени нема.

pozar-vo-studentski-dom-gc-00

Пожарот бил пријавен во полиција околу 15.40 часот. На местото на пожарот треба да биде извршен увид и да се утврдат причините поради коишто настанал

pozar-vo-studentski-dom-gc-4pozar-vo-studentski-dom-gc-2

pozar-vo-studentski-dom-gc-1

pozar-vo-studentski-dom-gc-000

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top