Францускиот првак и учесник во Лигата на шампионите, Пари сен Жермен, ја подржува борбата против тероризмот во својата земја, и со порака на дресовите сака да им оддаде почит на жртвите од терористичките напади што се случија во престолнината на Франција.
– Тоа е во чест на оние кои настрадаа во терористичките напади на 13 ноември во Париз. Претседателот на клубот сака да им се заблагодари на спонзорите кои го отстапија својот простор – се вели во соопштението од ПСЖ.
Освен на гостувањето кај Малме, пораката на дресовите ќе стои и на мечот против Троа во домашното првенство претстојниот викенд, на местото на главниот спонзор на клубот „Флај Емиратс“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.