| четврток, 6 декември 2018 |

Шведскиот крал забранува капење во када?

Уживање во када полна со вода и со миризлива сол е одличен начин на опуштање, но ова во иднина може да биде забренто во Шведска. Кралот на таа земја Густав по повод семинрот на Обединетите нации (ОН) во Париз за зачувување на животната средина изјави дека капење во када треба да биде забрането.

kada

– Замислете колку тоа тоа би придонеле за животната средина. Тоа може да е мал детаљ, но сепак, важен детаљ – изјави кралот Густав.

Тој додаде дека дошол на оваа идеја откако неодамна престојувал во хотелска соба во која имало и када и туш-кабина.

– На светот му е потребно многу вода и многу енергија. Ми падна на памет дека не е добро тоа што го правам. Ми беше срам што трошам толку вода – изјави кралот.

Шведскиот крал е познат по тоа што многу се грижи за екологијата. Тој вози автомобил на хибриден погон и не јаде месо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top