Над 1,1 милиони жители на Крим се уште немаат струја. Oперативните служби јавуваат дека во Крим без струја остануваат 900.000 лица, а во Севастопољ речиси 260.000, наведува изворот за двата нови региони на Русија, формирани во 2014, кога федерацијата го анексира украинскиот полуостров.
Крим е отсечен од украинскиот енергетски систем од 22 ноември, кога беа кренати во воздух два далноводи во Украина, кои испорачуваат електрична енергија на полуостровот со над еден милион и 600 илјади жители. Руски експерти посочуваат дека прекинот создава проблеми и во енергетскиот систем, но и дека Киев не презема чекори за санирање, што го толкуваат како политички одговор. Руското Министерство за вонредни состојби подготвило за испраќање во Крим 300 генератори за струја.
Од Москва велат дека ваквото отсекување само ќе ги забрза чекорите за поврзување на Крим со рускиот енергетски систем кај Краснодаркиот регион. Тоа за украинскиот енергетски сектор, според проценките, ќе значи загуба на пазар кој само во деветте месеци оваа година „тежи“ околу 12 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.