„Љубојна“, заедно со виртуозите Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет и Џамбо Агушев на труба, на 17 декември во 20.30 часот ќе одржат голем предновогодишен концерт во салата „Борис Трајковски“.
Концертите што успешно ги свири групата во последните неколку години во Скопје, станаа традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и на музиката на групата „Љубојна“.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба во среда, 25 ноември, во салоните на „Оне“, на „Југотон“ и во останатите продажни места на www.mktickets.mk по промотивни цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.