Стејт департментот ги предупреди граѓаните на САД за зајакнати терористички напади насекаде во светот.
За тоа сведочат неодамнешните терористички напади во Франција, Данска, Нигерија, Турција и Мали, како и експлозивот, поради кој се урна рускиот авион над Синајскиот Полуостров, за кои одговорноста ја презеде терористичката групација Исламска држава, нагласи Стејт департментот.
– Оваа информација покажува дека групациите Исламска држава, Боко харам, Ал Каеда и други планираат терористички напади во различни региони, истакна Стејт департментот.
Во соопштението не се посочени конкретни закани или најопасните региони во светот, но на американските граѓани им се порепорачува да бидат крајно внмателни при секое патување во странство.
Предупредувањето е во сила до 24 февруари 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стејт департментот ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад



