Изутрината во центарот на Атина, пред канцеларијата на Грчката деловна федерација експлодирала бомба, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на полициски извори.
Во експлозијата немало жртви. Полицијата, како што се наведува, претходно добила анонимно предупредување. Агенциите јавуваат дека биле искршени стаклата на прозорците на повеќе згради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


