Арогантниот професор поставил прашање. Мошне талентиран студент го матираше во два потега.
Еден ден професор на факултет решил со студентите да започне дискусија. Прашал:
-Дали Господ го создал сето она што постои –студентите на глас кажале дека е така.
-Баш се? –прашал професорот.
-Да, се –бил одговор на студентите.
-Во тој случај го создал и злото, зарем не? Бидејќи, злото постои – кажал професорот.
Студентите замолчиле, немале одговор на тоа прашање.
Професорот бил воодушевен бидејќи докажал дека верата е само мит.
Наеднаш, еден студент кренал рака и прашал:
-Може ли јас нешто да ве прашам?
-Секако- одговорил професорот.
-Дали постои студ?
-Секак, колега. Зарем никогаш не сте почувствувале студ?
-Всушност професоре, студот не постои!Според она што сме го учеле по физика, студот е недостаток на топлина. Може само да се набљудува дали објектот има и дали предава енергија и своја топлина на други објекти. Без топлина, предметите се инертни, не реагираат. Значи студот не постои. Ние го создадовме терминот СТУД за да го објасниме недостатокот на топлина- кажал студентот, а потоа прашал:
-А дали постои темнина?
-Таа постои – кажал професорот.
-Повторно грешите, господине. Темнината е потполен недостаток на светлината. Можеме да ја проучуваме светлината и осветлувањето, но не и темнина. Призмата на Николсов покажува голем број на различни бои на кои светлината се разлага во зависноста од брановата должина. ТЕМНИНАТА е термин кои го создадовме да го објасниме потполниот недостаток од светлината.
И конечно, студентот прашал:
-А злото, професоре, постои ли злото?
Професорот молчеше.
Студентот продолжил:
-Господ не го создал злото!Злото е отсуство на Господ во срцето на човекот, тој е отсуство на љубов, човечност и верба. Љубовта и верата се како топлината и светлината. Тие постојат. Нивниот недостаток доведува до зло.
Сега професорот замолчел.
Студентот се викал Алберт Ајнштајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.