| четврток, 6 декември 2018 |

Иако повреден Рафиња доби нов договор од Барселона до 2020 година

rafinja

Големината на каталонскиот гигант Барселона нема граници. Таа од секогаш знаела да препознае талент и да ги награди вредните фудбалери.
Младиот фудбалер Рафиња иако тешко повреден доби нов договор со клубот во траење од нови пет години, односно до јуни 2020 година.
Бразилецот заработи тешка повреда на коленото во рамките од првото коло во Лигата на шампионите против Рома на „Олимпико“ по што беше евидентно неговото повеќемесечно отсуство од терените.
Сепак управата одлучи да го продолжи договорот со фудбалерот и со тоа стави до знаење дека посакува да го задржи што подолго во своите редови и да максимално да го искористи неговиот талент и знаење.
Доколку некој друг клуб сега сака да го доведе Рафиња во своите редови ќе мора да одвои неверојатни 75 милиони евра за да го откупи неговиот договор.

– Многу сум среќен. Барса е мојот дом. Тука сум од 13 години и многу сум среќен. Мојата рехабилитација оди многу добро и се надевам дека во најскоро време ќе се вратам на терените – изјави Рафиња по потпишувањето на договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top