Откако УЕФА и официјално ја обелодени суспензијата на македонскиот репрезентативец и играч на Динамо, Аријан Адеми поради позитивен тест за допинг по натпреварот со Арсенал во рамките од Лигата на шампионите, по што фудбалерот доби драконска казна од четири години, со соопштение излезе и првиот доктор на репрезентацијата, Виктор Камиловски.
Тој беше напаѓан од хрватските медиуми поради поврзаност со скандалот и посочуван како главен виновник во врска со допингот. Камиловски, почитувајќи ги правилата на УЕФА за неизјаснување сѐ додека не се добие официјално соопштение, откако веќе сѐ е јасно, тој даде и официјално соопштение.
– Најпрвин сакам да го изразам моето жалење за целокупната ситуација во врска со контролата за допинг за Аријан Адеми, инаку мој добар пријател и одличен фудбалер. Моментите се навистина тешки и Аријан ја има мојата максимална поддршка да издржи до крај.
Како долгогодишен доктор на македонската фудбалска репрезентација под секаква кривична и морална одговорност изјавувам дека јас и мојот медицински тим работиме, а во иднина така и ќе биде, согласно со строгите и прецизни пропозиции на ВАДА, УЕФА и Правилникот на ФФМ. Тоа е вистината, се друго е во доменот на шпекулациите и можност за зголемување на публицитетот како во Македонија така и во Хрватска и сето тоа за жал врз судбината на еден многу добар и надежен играч кој ги брани боите на нашата фудбалска репрезентација.
Исто така, сакам да кажам дека пронајдената супстанца во крвта на Адеми е станосолол, синтетски анаболен стероид. Истата супстанца е 35 пати појака од другите (како метилтестостерон), ја користат главно билдерите како стимуланс за подобрување на физичките перформанси и тоа со зголемување на продукцијата на еритроцитите како и на мускулната маса. Во медицината се користи за лекување на некои видови на анемија и за хередитарен ангиоедем.
Но, за мене како спортски трауматолог, останува отворено прашањето дали можеби суспензијата не е превисока знаејќи дека во исти случаи, но во различни големи клубови казната била многу поумерена.
Уште еднаш официјално изјавувам дека во мојата пракстика ниту сум дал, ниту под каков било притисок ќе дадам недозволена допинг супстанца на спортист.
Секое понатамошно неоправдано користење на моето име ќе го сметам директно како клевета и нарушување на угледот и честа на мојата личност како високо рангиран професионалец за што ќе имам необорливи докази за кој било суд во земјата и на интернационално ниво.
д-р Камиловски
спец. хирург и спортски трауматолог
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Камиловски: Власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма за скандалот од 35 милиони евра
-
Лекар од Мексико тврди: Човекот со најголем пенис лаже, кожата му е до колена