Иако медиумите во регионот пишуваа за наводната лоша здрастевена состојба на Жељко Самарџиќ, на 13 февруари 2016 година, по повод денот на љубовта и виното, скопјани ќе имаат уште една можност да уживаат во песните на српскиот шармер.
– Подгответете се за одлична забава, но и заедно да го прославиме денот на љубовта и виното. Се гледаме за многу скоро мои драги луѓе – порачува Самарџиќ.
„Зауставите јануар“, „Грлица“, „Зато крадем“, „Сипајте ми још један виски“ се само мал дел од огромниот репертоар на српската поп-ѕвезда која во Скопје доаѓа по неговиот голем концерт пред две години. Наскоро повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.