Според некои информации, еден од учесниците во бомбашкиот напад на стадионот во Париз на 13 ноември, во Европа стигнал преку Грција, јави денеска „То Вима“.
Весникот наведува дека француските власти објавија фотографија на еден од терористите, кои учествуваа во самоубиствениот бомбашки напад на стадионот во Париз на 13 ноември и повикаа да се јави секој што има некакви информации во врска со лицето на фотографијата.
Според грчката телевизија „Мега“,осомничениот бил регистриран на островот Лерос, пред да замине кон централна Европа. Телевизијата, исто така, јави дека Франција во Грција ќе испрати одреден број полицајци за борба против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.