Свадбата на деценијата на Северина и Игор која се одржа во елитен белградски хотел беше гламурозна во секој поглед. Младенците се погрижиле се да помине во најдобар ред, а особено трпезата која изобилувала со разни специјалитети.

Младенците се погрижиле да бидат испочитувани сите традиционални обичаи кога станува збор за храната, па така на почетокот се служеше предјадење.

А потоа следело месото.

Српската свадба не може да помине без супа или чорба, па така било и на свадбата на Северина и Игор.

Младенците се погрижија овој посебен ден на сите да им остане во добар впечаток и разните детали беа означени со нивните имиња. Еден детал беше особено интересен-чоколадо со имињата на младенците имаше за секој гостин.

Она по што Србија е позната секако е ракијата. Северина како српска снаа сакаше и овој пијалок да го обележи со имињата на младенците и секој гостин да добие убав сувенир.Присутните беа воодушевени.

По предјадењето и главното јадење, следуваше печено месо како на секоја српска свадба.
И на крајот, се разбира, невестинската торта на три ката која ги воодушеви гостите на свадбата. Таа беше црвена и во форма на срце во знак на љубовта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


