Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, денеска ја посетија концертната сала „Батаклан“ во Париз, во која џихадистите на 13 ноември убија 90 луѓе.
Камерон на својот профил на „Твитер“ напиша дека во салата стоел „рамо до рамо“ со Оланд, пренесуваат локалните медиуми.
– Утрово сум во Париз за да се сретнам со претседателот Оланд и да оддадам почит на храброста на францускиот народ по неодамнешните терористички напади – напиша Камерон.
Меѓу загинатите во „Батаклан“ беше и еден Британец.
Камерон и Оланд подоцна ќе разговараат за соработката во борбата против Исламска држава, пренесуваат медиумите, потсетувајќи дека власта во Париз предлага зајакнување на меѓународните коалиции против џихадистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.