Парите кои се собираат во џамиите во Велика Британија се користат за финансирање на терористите од Исламска држава, а перењето на тие пари се одвива преку сметки во Босна и Херцеговина, објави вчера британскиот весник „Дејли стар“.
Весникот наведува дека многу лесно можат да се разоткријат сомнителните финансиски текови преку социјалните мрежи. На новинар од „Дејли стар“ преку приватна порака на социјалните мрежи му било кажано дека донираните пари преку БиХ се испраќаат до милитантите на Блискиот Исток.
Исто така, на новинарот му било кажано дека за донација треба да го контактира Исо Амрики, кој на социјалните мрежи се претставува под имињата „ханинти“ и „волф реисд“. Амрики изјавил дека парите за ИД ги собира во џамиите во Велика Британија.
– Амрики ме советуваше донацијата да ја уплатам преку мрежата за трансфер на пари „Манигрем“ во БиХ, бидејќи тоа е најсигурен начин, тврди новинарот на „Дејли стар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.