| четврток, 6 декември 2018 |

Курдскиот опозициски лидер преживеа обид за атентат

­ Лидерот на турската прокурдска опозициска партија, Селахатин Демирташ, останал неповреден откако било пукано врз неговиот блиндиран автомобил, пренесоа британските медиуми.

kurd

 

Портпаролот на Демократската партија на народите изјави дека врз Демирташ веројатно е извршен обид за убиство.

– Задното стакло на блиндираниот автомобил било погодено од куршум додека Демирташ и неговото обезбедување патувале за градот Дијарбекир, во југоисточна Турција, изјави портпаролот.

Демирташ за агенцијата Фират изјави дека тој и неговото обезбедување забележале вдлабнатина од куршум, кога излегувале од возилото. Полицијата не открила чаура.

„Смртта доаѓа по божја наредба“, напиша Демирташ на својот профил на „Твитер“ по нападот.

На вонредните парламентарни избори овој месец Демократската партија на народите го мина 10­процентниот излезен праг и го задржа своето парламентарно присуство, откако на изборите во јуни за првпат влезе во Парламентот, потсетија британските медиуми.

Приврзаниците на прокурдската партија трипати беа напаѓани во текот на последните неколку месеци. Во атентатот во Анкара минатиот месец, извршен веројатно од Исламска држава, загинаа преку 100 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top