Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. На повисоките планини ќе повремен снег. Максималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Утре се очекува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, особено попладне. Ќе дува слаб ветер од променлив правец Утринската температура ќе се движи од 7 до 12, а дневната од 10 до 16 степени.
Во текот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Облачно и свежо со поинтензивни врнежи од дожд се очекува во среда и петок, особено во западните и јужните делови. Дневната температура секојдневно ќе опаѓа за 2 до 3 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.