Двајца од париските терористи преправени во мигранти дефинитивно минале низ Грција, а најверојатно и низ Македонија.
Веќе беше потврдено дека еден од ликвидираните напаѓачи бил регистриран во Грција, а сега парискиот јавен обвинител објави дека тој не бил сам по Балканската рута, пренесе Франс Прес. Овие официјални изјави на француските власти ги потврдија информациите што ексклузивно ги објави Алфа уште пред речиси една недела односно дека терористите кои загинаа во Париз се регистрирани како мигранти на островот Легос на трети октомври.
Следниот ден за по 50-тина евра купиле билет за бродот Диагорас со кој стигнале до Пиреа. Два дена подоцна, односно на петти Октомври се регистрирани во бегалскиот камп во Прешево. Според ова најверојатно во периодот меѓу 5 и 6 Октомври терористите биле и на македонска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак