| четврток, 6 декември 2018 |

Удари врз ИД од утре и од француски носач на авиони

bombi sirija id

Француски воени авиони од утре ќе напаѓаат врз цели на Исламска држава од носач на авиони стациониран во источниот дел од Медитеранот.

– Носачот на авиони ќе биде оперативен од утре, изјави францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дријан.

Новата позиција на носачот на авиони Шарл де Гол е само девет дена по нападите во Париз во кој загинаа 129 луѓе.

Францускиот министер додаде дека државата ги презела сите мерки за предострожност предострожност од евентуален напад со хемиско или биолошко оружје за кој постои ризик. Тој додаде дека француските власти не исклучуваат ништо по серијата напади во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top