| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Џамбазов започна со пробите за Џамбо Фестивал (фото)

igor

Почнаа пробите, народе!
Почна приказната наречена ЏАМБО ФЕСТИВАЛ.
Неуморен борец против кичот, шундот и турбо-фолкот.

26.12.2015…20 часот…Метрополис арена.

Еве сме…Гуру Харе…и мојата дебелкост.

Вака македонскиот шоумен го најави стартот на пробите за неговиот голем концерт – Џамбо фестивал закажан за 26 декември годинава.

Тој својот концерт го најави во интервју дадено за Република:

Нов кон­церт, кој ќе се одр­жи на 26 де­кем­ври во „Ме­тро­по­лис аре­на“ под нас­лов „Џам­бо фе­сти­вал“. Мо­ја ста­ра иде­ја, ко­ја тре­ба­ше да се пра­ви се­ко­ја го­ди­на во „Бо­рис Трај­ков­ски“. Ве­тив, но од оправ­да­ни при­чи­ни ми­на­та­та го­ди­на не се на­пра­ви. „Џам­бо фе­сти­вал“ ќе трае шест ча­са, ќе би­дат си­те мои гру­пи, гру­пи со кои сум на­ста­пу­вал и на­ста­пу­вам, сѐ уште ко­га ќе оти­дам се со­би­ра­ме и сви­ри­ме, да­ли за на­стап или за ќеф. Тоа ќе би­дат спе­ци­јал­ни го­сти, ќе има еден го­лем жен­ски хор и не­кол­ку мул­ти­та­лен­ти­ра­ни лу­ѓе, ин­стру­мен­та­ли­сти, за кои ни­кој во Ма­ке­до­ни­ја не слуш­нал, а кои се, на при­мер, свет­ски пр­вак во хар­мо­ни­ка или, не знам, нај­до­бри­от ги­та­рист на Бал­ка­нот… На овој кон­церт јас сум нај­мал­ку би­тен. Јас сум са­мо чо­ве­кот што ја да­ва иде­ја­та. „Џам­бо фе­сти­вал“ ќе би­де фе­сти­вал не са­мо на му­зи­ка­та, пра­ви­ме му­а­бет за аку­стич­на му­зи­ка, ту­ку ќе би­де со­бир на си­те мла­ди и та­лен­ти­ра­ни умет­ни­ци во друш­тво на ве­ќе поз­на­ти и афир­ми­ра­ни умет­ни­ци – сли­ка­ри, скулп­то­ри, арт ди­зај­не­ри, му­зи­ча­ри, пи­са­те­ли, по­е­ти… Сѐ на ед­но ме­сто. Ко­га ќе вле­зеш во „Ме­тро­по­лис аре­на“, ќе вле­зеш во ме­сто на ед­на на­ша под­за­бо­ра­ве­на „ма­ке­дон­ска кул­ту­ра“, ка­де што ни мал­ку не­ма да ми­ри­са на тур­бо­фолк, на кич и на шунд. „Џам­бо фе­сти­вал“ не­ка би­де ка­ко што е „Та­кси­рат“, го­лем фе­сти­вал што се бо­ри со таа „рак ра­на на Бал­ка­нот“ што ни ги труе де­ца­та, ги те­ра мла­ди­те де­вој­ки да се об­ле­ку­ва­ат ка­ко про­сти­ту­тки, мла­ди­те мом­чи­ња да но­сат „дол­че и га­ба­на“ шал­че и „луј ви­тон“ чан­тич­ка… На­ви­сти­на е гре­во­та тоа што ѝ се слу­чу­ва на Ма­ке­до­ни­ја – да не знае да си ги це­ни сво­и­те умет­ни­ци. Има тол­ку мно­гу та­лен­ти­ра­ни лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја. Ко­га ќе се за­поз­на­ам со не­кој и ќе ми пред­ло­жи да ви­дам не­што не­го­во на „Јут­јуб“ се пра­шу­вам ка­ко овој чо­век до­се­га ни­кој не го спо­ме­нал во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top