| четврток, 6 декември 2018 |

Децата на Хеброн: Сите живееме во страв

_MG_3983

На почетокот на работниот ден, учениците во училиштето Тарик бин Зијад во Хеброн се собираат пред зградата од бели цигли, разговараат со пријателите и играат фудбал.

Тие не се брзаат да одат во училниците. Разговорите варираат од пријателски ривалства меѓу навивачи на Реал Мадрид и Барселона, до вицови за роднините дома.

Ненадејно, само по неколку секунди подоцна, учениците трчаат кон вратите на училиштето, но не ги покрена училишното ѕвонче.

Многу познатиот звук на испалување на канистер со солзавец се слуша од некои 150 метри низ улицата. Уште 20 канистри брзо следеа потоа и го исполнија воздухот со бел гас.

Учениците на брзина влегоа во зградата. Тие на крај престрашено викаа побрзо да се влегува бидејќи ќе се задушат.

„Секој ден, облаци со гас го надвиваат нашето училиште. Гасните бомби и цела таа бучава ги погодува нашите ученици секој ден‟, вели главната наставничка на училиштето Равна Шукри.

Гасот штипе на очи и тешко се диши. Не е непозната глетката дека тие кои најтешко се погодени се онесвестуваат.

„Ова не погодува сите нас, учениците, нивното учење и нашето предавање‟, вели Шукри. Наставниците се обидуваат да го одржат чувството на рутина, но мора брзо да реагираат на настаните надвор од зградата. Предавањата се прекинуваат, се менуваат распоредите, се скратуваат паузите. Училиштето и неговата околина, е дел од кварт каде има училишта, продавници и некои станбени згради, а кој се наоѓа покрај Стариот град кој го контролираат Израелците и каде живеат околу 500 нелегални доселеници. Изминатите недели, во ова подрачје е забележан раст на бројот на упади на израелската војска и насилства кои ги прават војниците и доселениците.

„Ние не можеме ништо да направиме‟, вели Шукри. „Само можеме да ги брзаме учениците да влезат во училниците, да се обидеме да ги заштитиме, смириме и да им пружиме помош на тие кои најтешко се погодени од гасот‟.

Психолошка прва помош

Ескалацијата на насилства во Израел и на окупираните палестински територии однесе 77 палестински и 10 израелски животи во изминатите недели. Околу една третина убиства на Палестинци забележани се во Хеброн.

Како што вели Наталија Гарсија, директорка на Лекари без граници (МСФ) во Хеброн. задолжена за активностите за менталното здравје, неодамна настаните резултирале со тешки психолошки последици на поединци од овој град. Иако секогаш постоеле тензии меѓу војниците, доселениците и Палестинците кои живеат толку блиску, состојбата е влошена во изминатиот месец. Истакна дека децата се посебно тешко погодени.

„Луѓето сега повеќе се во страв од пред еден месец. Се случуваат инциденти со војската, дури и во училиштата. Моравме да се справиме со последиците од сите настани, со траумите кај децата. Училиштата сега мора да даваат и психолошка прва помош на учениците‟, вели Гарсија.

Таа додава дека тоа се прави преку итни состаноци со советниците, каде децата се охрабруваат да ги изразат чувствата преку цртање и присетување.

„Присутна е голема нервоза. Некои деца покажуваат знаци на изолација, зголемен гнев, што се толкува како начин дека се носат со тоа што го доживеале‟.

Кај некои деца, оваа нервоза се гледа во стравот од излегување надвор, дружење, а кај други се гледа преку агресивноста која ја покажуваат кон семејството и пријателите.

„Тие не мразат‟

Како што денот во училиштето се приближува кон својот завршеток, група деца од 8 до 14 години се собираат на јужниот влез во улицата Шудада. Тука се за да фрлаат камења на блиските војници. Тоа е нешто што стана рутина во изминатите недели.

Многу камења паѓаат далеку од војниците кои стојат со оружје, но со подготвени бомби со солзавци.

„Тие нас не мразат‟, вели 10-годишнито Мохамад за војниците. Зборува тивко додека гледата во тлото пред себе.

Патот е полн со запалени остатоци и расфрлани камења, додека смрдеата на гасот се уште се чувствува во воздухот.

„Тие прават што сакаат. Доаѓаат во нашите домови и можат да прават сешто на кого сакаат. Можат и да не убијат. Ако сакаат, можат да ме одведат мене и моите браќа‟, вели 10 годишниот Палестинец, а на крај малку се замисли па додаде: „Сакам да си играм како што играат тие‟.

Гарсија истакна дека некои родители престанале да ги праќаат децата на училиште, од страв дека тие можат да бидат повредни или убиени ако ги напуштат домовите. И децата се преплашени.

„Пред три недели одев во продавница кога израелски војници ненадејно почнаа да пукаат. Кога слушнав, почнав да трчам колку можев побрзо‟, вели 11 годишниот Саед Сеидер од кварт во Хеброн кој се вика Дабуја.

Уморни очи на дете

Додека зборува, како повторно истата работа да му се случува и изгледа многу потресено. „Заплакав. Помислив дека некој е убиен. По неколку минути дознав дека некој штотуку го убиле‟, вели Саидер кој има тажни, уморни очи кои се во спротивност на неговата младост.

Пред неколку недели, војниците го притвориле на неколку часа, му ги врзале очите и го одвеле во притворен центар. За тоа размислува секој ден, но и понатаму не знае зошто тоа му се случило.

„Секој ден гледам деца на доселеници како си играат. Играат кошарка и фудбал. Со нив секогаш има барем еден војник. Само сакам да си играм, безгрижно да си играм, како што играат тие‟.

Гарсија објаснува дека психолошките аспекти од настаните на многу деца донеле ноќни кошмари и додава дека некои помали деца, поради тоа мократ во кревет.

„Сега многу од нив сакаат да спијат во иста соба со родителите бидејќи израелски упад може да се случи во било кое време од денот и ноќта‟, истакнува таа.

Училиштата исто така пријавија војници кои испалуваа солзавец и шок бомби во училниците, вршеа рации во текот на предавањата. Такво нешто се случи во училиштето Ал-Хадиј Зиад Јабер во кварт во Хеброн наречен Вади ал-Насара, каде војниците на сила влегле во училиштето и почнале да ги претресуваат децата за да најдат камења. Многу ученици се однесени во болница поради солзавецот.

Оставени на земја да умрат

Во Хеброн МСФ мораше да го зголеми своето дејствување четири пати од почетокот на октомври. Организацијата пружи помош на најмалку 500 луѓе во првата половина на минатиот месец и уште постојат некои региони во кои лекарите не можат да дојдат поради постојаните судири и жестоките рестрикции на слободата на движењето.

Многу граѓани велат дека се плашат да одат во некои делови од градот или да одат сами без придружба.

„Сите имаат проблеми со спиењето. Сите ги следиме вестите и сите сме загрижени‟, вели Иса Амро, директор на организацијата „Младите против насилството‟.

Тој наведува дека видел како војници убиваат од огнено оружје еден млад Палестинец близу неговиот дом минатата недела, иако тоа момче не им било закана.

„Го оставија на земја да умре, а беше тинејџер‟, додаде тој и истакна дека поради тоа се плаши и за својот живот.

„Кој престојувал во Хеброн минатиот месец, се плашел од доселениците, од војниците, едноставно луѓето не сакаа да излезат од дома од страв. Ако се слушне информација дека некој е застрелан, сите веднаш се јавуваат на своите семејства, дома, да видат дали сите се живи. Сите се исплашени‟.

„Кога децата не се дома, се плашиме дека можеби никогаш нема да се вратат. Се плашиме за нив, за нашите семејства. Воопшто не се чувствуваме безбедно сега‟.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top