| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Вељаноски по повод Денот на албанската азбука

trajko veljanoski
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на припадниците од албанската етничка заедница кои живеат во Република Македонија им го честита Денот на албанската азбука.

– Основните карактеристики по кои се разликува еден народ од друг се азбуката и писменоста. Тие се и одлика на цивилизациските постигнувања, израз на верувањата, традициите и заедништво преку кои се гради колективната свест. Наша заложба е да ги почитуваме различностите и да продолжиме да ги негуваме толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани во Република Македонија. Наша е придобивката ако гледаме во различностите како можност за учење на нешто ново, се вели во честитката.

Со одбележување на овој празник, стои во честитката, уште еднаш ги потврдуваме нашите заеднички заложби за соживотот меѓу сите граѓани во Република Македонија.

– Убеден сум дека албанската етничка заедница, но и останатите заедници имаат свој придонес кон развој и напредок на нашата држава, се вели во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top