Неделното утро е топло, ветровито и дождливо. Дува претежно умерен јужен и југозападен ветер, а температурата ретко каде е под 15°С. Поинтензивен дожд утрово е забележан во западиниот регион, додека истовремено во југоисточниот регион има повремени сончеви периоди.
Според Метеопро облачната маса постепено ќе се премести кон југоисток во текот пладневните часови.
Врнежите попладне ќе бидат поинтензивни во југоисточниот крај.
Температурата нема да има пооголеми промени во однос на состојбата од утринава.
Во текот на утрешниот ден се очекуваат сончеви периоди со повремени и сосема локални врнежи, додека навечер во поголем дел од земјава се очекува нов бран на врнежи.
Температурата во однос на неделната ќе биде пониска за околу 4°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.