| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ преку Надал до финалето во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на завршниот АТП Мастерс турнир во Лондон.

nole

Ѓоковиќ во првиот полуфинален меч одигран попладнево во лондонската „О2“ арена во два сета го победи Шпанецот, Рафаел надал.

Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ, го доби мечот за 1 час и 20 минути игра со идентични 6:3 во двата сета.

Ова беше осма победа за Ѓоковиќ на последните девет соочувања со Шпанецот, а четврта последователна. Сега Србинот го израмни и резултатот во меѓусебните дуели со Надал, па сега двајцата имаат по 23 победи.

ATP Tour tennis finals in London

Кој ќе биде противник на Ѓоковиќ во финалето закажано за утре, ќе дознаеме вечерва, по одигрувањето на вториот полуфинален меч, кој ќе започне од 21 часот, а во кој ќе играат Швајцарците, Роже Федерер (3-носител) и Станислас Вавринка (4).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top