Со почеток во 18.15 часот во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ се игра најголемото светски дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона.
Доволно е само да се каже „Ел Класико“ и се е познато. По 231.пат силите ќе ги одберат двата најголеми гиганти во Шпанија, но и во светот.
Многупати досега овој дуел ја кроел судбината на шампионатот во Шпанија. Секако е рано за тоа да се зборува во оваа фаза, но секогаш ваквите дерби пресметки биле во очите на светската спортска јавност. Во таборот на двете екипи најавуваат беспотештедна битка и обид за освојување на трите бода.
Освен борбата на теренот, во медиумите блиски до двата клуба наголемо се зборува или пак се обидува за раздор внатре во екипите со цел да се одмогне на противникот.
За првпат по шест години двете шпански екипи ќе ги водат и шпански тренери. Рафа Бенитез се врати во шпанскиот фудбал на почетокот на оваа сезона, додека Луис Енрике е на кормилото на Барса втора сезона.
И двајцата стратези имаат проблем да го состават најсилниот тим на теренот. Најголемата непознаница е Лионел Меси кој сеуште не е најдобро закрепнат од повредата па Енрике најави дека на еден саат пред мечот дали аргентинскиот виртуоз ќе истрча од првата минута.
Бенитез пак има помали главоболки бидејќи во составот ќе ги има и Марсело и Бензема и најави офанзивна тактика, која не е својствена за „кралскиот“ клуб од почетокот на оваа сезона.
Цел свет запира кога се игра „Ел Класико“. Се очекува овој голем настан да ги сруши сите рекорди на гледаност на планетата, а ќе биде пренесуван во повеќе од 200 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.