На улицата „Македонски Војски“ во Скопје, синоќа по 17 часот од страна на непознат сторител било опожарено возило “Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки. Сопственикот на возилото, 27-годишниот Ш.И. од Скопје се шокирал кога си го видел возилото на кое предниот дел му бил целосно оштетен. Повредени лица за среќа нема.
Извршен е увид на местото на настанот при што била пронајдена канта со бензин и истата била подигната и дадена за вештачење.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.