Движењето Беса која заедно настапуваше со СДСМ и учествуваше во нивниот митинг пред владата, во јуни месец испорача барања кои се слични на позитициите кои беа засташпувани од експонентите на СДСМ кои пак спремаа терен за Декемвриската конференција посветена на ревидирање на Рамковниот договор.
-Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија;
бараме нов договор за РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците.
Ова практично значи барање за федерализација, што е содржано и во барањата на Декемвриската конференција за која наголемо теренот го подготвуваше СДСМ преку нејзините експоненти. На Декемвриската конференција ќе се разговара за препораката за укинување на критериумот од 20 проценти за Албанците и се бара гарантирана комуникација на мајчиниот јазик за припадниците на албанската заедница со централните министерства независно од местото на живеење и неподложно на критериумот од 20 проценти од населението на локално ниво.
БЕСА рамо до рамо со раководството на СДСМ го организираше митингот пред Владата на кој се вееа знамиња на Голема Албанија и на 113-та Косовска бригада чии членови учествуваа во кумановската акција во Диво Насеље.
Увертира во декемвриската конференција направи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој исто како и БЕСА на косовска телевизија повика на ревидирање на Рамковниот договор како и официјализирање на албанскиот јазик преку изучување во училиштата. По ова Љубомир Фрчковски побара Албанец премиер, а новинарот Бранко Геровски кој важи за близок до СДСМ и нејзин поддржувач отворено преку колумна побара федерализација и разговори за кантонални влади, парламенти и поделени институции.
Заев на косовска телевизија отворено побара рекомпонирање на рамковниот договор и официјализирање на двојазичност по сите основи.
-Јас се плашам затоа што многу граѓани сѐ уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, истакна Заев.
Во истото интервју на косовската телевизија Заев изнесе и тврдење дека мултикултурализмот треба да се внесе во преговорите за името и дека треба задолжително да се изучува албанскиот јазик уште од градинките.
-Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество. Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина. Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики, рече Заев.
Фрчкоски, кој епоранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, пред неодамна во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.
– Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.
Еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски сратег Героски кој е отворен подржувач на опозициските политики, во колумната насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.
– Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме, спомнувајчи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично, пишуваше Героски во својата колумна.
Тој во колумната, целосно ставајќи се на страната на радикалните албански елементи, тврдеше дека потребно е отворање на Охридскиот рамковен договор и негово проширување со нови права за Албанците.
-Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите. Знам дека ова звучи без малку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна, пишува Героски.
Героски предлага да се разговара и за збогатување на обемот на јазичните права на Албанците и дека е неопходна и билингвална федерализација. Тој во колумната пишува и дека треба да се разговара и за одржливоста на концепот на федерација.
– Да формираме кантони или покраини, да избираме локални парламенти, сенати и влади, да наметнеме различни прописи и правила на игра во федералните единици, да имаме посебни полиции, судови, факултети, болници, државни телевизии и што ли уште не, да најдеме мунасип како да ги делиме рудните богатства, струјата, водите и другите ресурси, а да речеме – ние само за парламенти и за влади ќе се секираме, сето друго Скопје ќе го плати!, пишува Героски.
Тој додава дека се чини поизводлива идејата за федерализација на Македонија како земја на Македонците и Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент