| четврток, 6 декември 2018 |

Утре посебен режим за движење кон СЦ „Јане Сандански“

Ракометниот клуб Вардар преку својата интернет страница ги информира сите гледачи кои имаат купено влезница за дуелот Вардар – Барселона дека ќе има посебен режим на движење на возилата по главните улици околу Спортскиот Центар „Јане Сандански”.

Според насоките на МВР, в недела од 8 часот наутро ќе биде забранет пристап за моторни возила околу СЦ „Јане Сандански”, вклучувајќи го и паркингот до салата, а од 14 часот, па сѐ до крајот на натпреварот меѓу Вардар и Барселона (што почнува во 17.45 часот), ќе биде забранет пристап на сите моторни возила во насока кон СЦ „Јане Сандански”.

Ќе биде воспоставен режим со кој ќе бидат затворени булеварите коишто водат кон СЦ „Јане Сандански” – булевар АСНОМ до булевар Србија и булевар АСНОМ до булевар „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top