Советот на безбедност на Обединетите нации (ОН) ја усвои предлог-резолуцијата на Франција во која се повикуваат сите земји во светот да ги зајакнат и координираат акциите за спречување на нови терористички напади на Исламската држава и другите екстремистички групи.
Во резолуцијата се оценува дека ИД претставува глобална и до сега најголема закана на светскиот мир и безбедност и се истакнува одлучноста на Советот за безбедност со сите средства да се бори против таа закана.
Ова е 14 резолуција на Советот која се однесува на тероризмот од 1999 година, а е донесена по минатонеделните терористички напади во Париз во кои загинаа 130 лица и неколку стотини се поредени. За тие напади одговорноста ја презеде ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим


