Програмата за активна заштита на мајки и деца се засилува и сумата одвоена за истата се зголемува на 17 милиони.
Доктор Јованка Костовска од Министерството за здравство потврдува дека трендот на морталитет кај доенчиња и мајки опаѓа, но се уште интензивно се работи за намалување на оваа бројка.
Таа пред Комисијата за здравство во македонското собрание обелодени загрижувачки статистики за тоа колку жените одат на гинеколог.
-Ако 16.000 бремени жени се јавиле на гинеколог, се соочуваме со бројката дека од вкупно 23.500 бремени жени другите воопшто не отишле на лекар. Можеби некој ќе рече дека и порано жените не оделе на гинеколог, но тогаш се водело поздрав живот. Бремените жени мора медицински да ја следат својата бременост, истакна Костовска.
Најчесто група на жени кај кои се случуваат овие несакани последици се жени без образование, Ромки и жени кои во подоцнежна возраст се одлучуваат да родат.
Доктор Костовска апелира до сите да ја поддржат вакцинацијата, како би се намалил и ризикот од вакви смртни последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.