| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми во шок: УЕФА со драконска казна за македонскиот репрезентативец!!!

ademi

Дисциплинската комисија при УЕФА ја донесе нарадикалната одлука со која репрезентативецот на Македонија и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, нема право на настап во следните четири години.

 

Не можам ни да опишам како се чуствувам. Не сум крив, знам дека не сум направил ништо погрешно, а добив ваква драконска казна. Лошо се чуствувам. Сакам да им се заблагодарам на сите тие кои постојано ми даваат подршка, но сега ми е тешко, не можам да зборам и ве молам да имате разбирање, изјави Адеми.

Примерокот кој беше земен од македонскиот интернационалец по натпреварот против Арсенал во Лигата на шампиони се покажа како позитивен, а истото се случи и со вториот примерок кој беше земен од допинг контролата на УЕФА.

Веднаш подршка на Адеми му дадоа и раководните лица на Динамо (З).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top