Бел точак за спомен е поставен на влезот од Градски парк, веројатно за да не потсетува на Давид кој во близина невино загина во сообраќај пред 2 месеци, велат од иницијативата „НаТочак“.
Бели точаци (white cycle или ghost bikes) се ставаат насекаде по светот во близина на места каде велосипедист бил убиен во сообраќај во спомен и чест на загинатиот, но и како потсетник за возачите кои минуваат покрај него дека и велосипедистите се рамноправен дел од сообраќајот и дека мора да внимаваат на нив и да им отстапуваат дел од патот, да ги пропуштаат на премин, да ги почитуваат, да им го заштитат животот.
Истовремено, тие се потсетник и за властите да ги преиспитаат политиките во однос на планирањето на сообраќајот, акциите на полицијата итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.