| четврток, 6 декември 2018 |

Колку се штетни високите потпетици?

 штикли

Сакате ли да носите високи потпетици? Вистина е дека ногата во нив поубаво изгледа, но најновите истражувања откриваат дека цената на таа убавина, сепак, е превисока.

По еден час, шест минути и 48 секунди носење високи потпетици, нозете почнуваат да болат. За 20 отсто чуствителни жени, таа болка доаѓа многу порано, поточно околу десет минути по носењето, открива најновото истражување.

Повеќе од една третина од испитаничките изјавиле дека во текот на ноќните излегувања нозете толку болат што дома се враќале боси. Истражувањето на колеџот од Подијатри во кое учествувале повеќе од две илјади луѓе, се укажува на тоа дека високите потпетици се поштетни отколку што се мислело.

Ортопедот, Мике О’Неил предупредува дека ситуацијата дополнително се влошува бидејќи многу жени носат чевли помал број што, пак, доведува до сериозни оштетувања на коските и на нервите.

– Апсолутно нема сомнение дека жените поради високите потпетици го загрозуваат своето здравје и тоа во име на модата. Кога би требало да избираат меѓу модерните потпетици или здрави и убави нозе, многу од жените би ги одбрале потпетиците – истакна О’Неил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top