Од некоја причина носењето високи потпетици додека имате секс гарантирано ги пали повеќето мажи. Откако е направено истражување по многу онлајн-форуми и откако се прашани многу мажи, добиен е резултатот дека секој маж одговорил со ентузијастична реакција на спомнувањето на високи потпетици во кревет.
Фантазија
Било да се полуголи во спалната соба или дотерани на работа, жените во највисоки потпетици привлекуваат најголемо внимание кај мажите. Можеби не секогаш сакаат таков вид внимание, но тоа е факт. Мажите се палат на жени во високи потпетици. Зошто? Затоа што ги потсетува на некои од нивните тајни фантазии – да ја освојат својата секси шефицата, да бидат камшикувани до покорување од жешка доминантна жена, блиска средба со проститутка од висока класа. Високите потпетици асоцираат на еротичен секс. Има смисла да ги носите понекогаш во спалната!
Го подобруваат изгледот на телото
Кога носите високи потпетици одеднаш сте повисоки, стоите исправено со самодоверба, вашите нозе изгледаат подолги, вашите гради изгледаат побујни, а вашиот задник е истакнат и се ниша кога одите.
Високите потпетици природно го обликуваат вашето тело во вистинската форма за сексуално да привлечете некој маж, и што повисоки толку подобро!
Високите потпетици исто така прават да изгледате потенки заради начинот на кој што морате да го држите вашето тело, а тие го привлекуваат вниманието на вашиот партнер по целото тело кога изгледа најдобро.
Високи потпетици и чорапи
Тие одат заедно! Зошто? Затоа што очите на вашиот партнер ќе бидат свртени од вашите секси потпетици нагоре по потколениците до вашите секси бедра…а што се крие помеѓу вашите бедра? Местото „Х“ на кое што сакате тој да внимава. Сфатете го тоа како трага… која го води вашиот партнер до зоната на задоволството.
Тенката линија меѓу задоволство и болка
Кога мажот е веќе запален, нема да штети ако му ги гребнете грбот или бедрата со потпетиците, напротив – тоа ќе го полуди! Зошто?
Бидејќи има конотации на С&М, мозокот на вашето момче е програмиран моментално да се запали од вашите потпетици, кои се како инструменти за секси задоволство/казна кога се шегувате и ја забивате штиклата во неговите мускули.
Секси е еднакво на самодоверба
Ако знаете дека изгледате добро, тогаш природно зрачите со самодоверба што на крајот е тоа што навистина ќе го запали!
Високите потпетици прават да се чувствувате дотерани и женствени, добивате комплименти за вашата облека што ја носите во текот на денот како и навачер, па зошто да не добивате и за таа што ја носите во спалната соба? Ако се чувствувате секси, вие имате самодоверба, што значи дека тој ќе ве гледа како секси самоуверена жена.
Кој не би сакал да ја одведе таа секси жена во кревет?
Визуелното палење наспроти практичноста
Има нешто што е многу секси и за вас и за вашиот партнер кога ќе видите дел од високите потпетици додека имате секс – било вашите нозе да се горе над неговата глава, или околу неговата половина додека се забива во вас на ѕидот!
Тоа е таа мала вулгарност која ви е потребна за да го подобрите сексуалниот живот и да изгледа малку понеприличен од обично.
Секако носењето високи потпетици за време на самиот чин на секс не е секогаш практично. На пример, ако сте многу активни за време на сексот, менувајќи често позиции и мрдајќи в кревет, тогаш вашите потпетици само ќе ви ја отежнуваат работата и може дури и да извадат нечие око!
Но ако носите високи потпетици може лесно да ги соблечете кога има потреба, тоа не е проблем; само сетете се да ги тргнете настрана пред да правите акробации во креветот…
Зошто да не изгледате како лесна девојка?
Да, носењето високи потпетици в кревет ве прави да се чувствувате како евтина мала курвичка, но ако вам тоа ви се допаѓа исто колку и нему, тогаш што ви е гајле? Некои повозрасни жени може да имаат забелешки за носењето високи потпетици и чувствувањето дека изгледаат како курви, но ако тоа ве пали двајцата, тогаш зошто да не?
Сексот е за да се забавувате и да се поврзете со партнерот, а и покрај тоа, се случува само меѓу вас и некој кому му верувате, така што нема потреба да се чувствувате несигурни. Време е за експериментирање!
Црвени високи потпетици и долги црвени нокти
Момците сакаат вакви работи бидејќи се сензуални и еротични, посебно кога гледаат и чувствуваат како вашите црвени нокти и високи потпетици ги грепкаат неговите гради или нозе.
Тоа предизвикува секакви видови на еротични фантазии кои додаваат искри на вашите сексуални сесии. Црвеното е возбудливо и морате некогаш да го внесете во спалната соба.
Секс кога сте полуоблечени пали
Да имате секс со партнерот без да ја соблечете целата облека е жешко бидејќи предизвикува возбудливо чувство на непланиран и спонтан секс!
Да ја отворите вашата блуза за да го отскриете градникот и притоа да извадите една дојка но без целосно да соблечете нешто е секси бидејќи изгледа грубо и вулгарно. Да го кренете здолништето и да ги тргнете гаќичките на една страна е секси бидејќи вашиот дечко ќе сака да погледне долу, а тогаш ќе види дека уште ги носите високите потпетици, ќе се запали.
Високи потпетици и огледала
Носењето високи потпетици во спалната соба го привлекува визуелното признавање од страна на вашиот партнер, па зошто да не одите чекор понатаму и не внесете големо огледало во собата?
Тогаш, не само што вашиот партнер ќе го добие задоволството да има секс со вас во високи потпетици, туку ќе добие и воајерско задоволство што ќе гледа во огледалото како имате секс, што ќе ви донесе целосно ново ниво на уживање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.