Светските сили се подготвуваат за заедничка резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации со која ќе се објави глобалната војна против Исламска држава, дознава весникот „Индепендент“.
Нападите во Париз, но и уривањето на рускиот патнички авион над Синај на досега поделениот Совет за безбендост на ОН му дадоа поттик, сепак, да ја прифати оваа можност. Кина, Франција, Русија, Обединетото Кралство и САД досега беа поделени и неподготвени за соработка, но се чини дека последните напади дадоа поттик за заедничко делување.
Со убиството на кинескиот заложник, за што информира пропагандниот весник на Исламска држава, ИД всушност погуби граѓани на сите постојани членки на Советот за безбедност, се наведува во предлог резолуцијата.
Француски претставници изјавија дека до СБ на ОН поднесуваат предлог резолуција која треба да го потисне рускиот предлог што беше претставен предходно неделава. Французите се уверени дека предлог резолуцијата нема да наиде на руско или кинеско вето и дека може да биде усвоена.
Со резолуцијата сите држави членки се повикуваат да ги преземат сите потребни мерки на територијата под контрола на Исламска држава во Сирија и Ирак, за да се спречат натамошните терористички напади.
Со документот, што дојде до рацете на новинари на Индепендент, се наведува дека сите земји треба да ги преземат сите потребни мерки, што се во согласност со меѓународното право и човековите права, на територијата под контрола на ИД во Сирија и Ирак да ги координираат напорите за да го задушат тероризмот и да ги истребат џихадистите од упориштата во овие земји.
Резолуцијата е кратка, силна и фокусирана на една примарна цел – борбата против заедничкиот непријател, ИД.
– Имаме намера да соработуваме со партнерите во Советот на безбедност за да постигнеме брзо усвојување на овој проект, а се надеваме дека меѓународната заедница ќе може да се собере околу тоа – рече францускиот амбасадор во ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим



