Службите во Турција спречиле голем терористички акт во Анкара, соопшти ТАСС, повикувајќи се на турската телевизија „Ен-Ти-Ви“. Според податоците, тајните служби заплениле околу 100 килограми експлозив. Се води истрага за случајот.
„Си-Ен-Ен турк“ наведува дека откриената експлозивна супстанција им припаѓа на екстремисти од Курдската работничка партија (ПКК). Супстанцијата нитрометан била во контејнери и закопана на територијата на округот Полатли, на 80 км западно од Анкара.
Претходно властите добиле информации дека членови на ПКК закопале во овој регион поголемо количество експлозив.
Откривањето на експлозивот се случило по долго набљудување на еден од членовите на ПКК, Исмаил К. Тој е уапсен и е во затвор.
Потсетуваме на 10 октомври во Анкара се случи најголемиот терористичкиот акт во историја на Турција. Двајца камикази поврзани со терористичката група Исламска држава, се разнесоа во толпа демонстранти, во близина на железничката станица.
Загинаа над 100 лица, повредени беа околу 300.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.