| четврток, 6 декември 2018 |

„Ас“: Роналдо си оди од Реал, ако на негово место дојде Агуеро

ronaldo

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез е подготвен да се откаже од првата ѕвезда Кристијано Роналдо, но само во случај на „Сантијаго Бернабеу“ да го донесе Серхио Агуеро од Манчестер Сити, тврди угледниот шпански спортски весник весник „Ас“.

Роналдо во последно време се почесто е поврзуван со Пари Сен Жермен и се шпекулира дека по крајот на сезоната францускиот шампион повторно ќе се обиде да го реализира неуспешниот трансфер од крајот на август кога за Португалецот понуди 150 милиони евра.

Познато е дека првиот човек на Реал Перез со години се обидува да го ангажира Агуеро и се уште има голема желба него да го види во дресот на Реал Мадрид.

Во таков трансфер би можел да биде вклучен и членот на Реал Иско, кој пак е желба на менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top