Новите рестрикции на границите меѓу земјите на Западниот Балкан, вклучувајќи ја и категоризацијата на бегалците и имигрантите по национална основа, создаваат неодржлива ситуција, предупредија денеска меѓународните хуманитарни агенции на ОН.
Во заедничкото соопштение на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и Меѓународната организациjа за миграции (ИОМ) се вели дека наведените мерки создаваат тензии на граничните премини и дека многу семејства остануваат „заглавени“.
– Потребно е итно да се воспостават дополнителни прифатни капацитети на граниицте, изјави Адријан Едвардс, потпарол на УНХЦР на прес-конференција во Женева.
Од друга страна, потпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кроу оцени дека од ваквата состојба најтешко се погодени децата бегалци и имигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Фајон: Поместувањето на границите е дестабилизирачки фактор за регионот
-
Србија ги проверува границите за случаи на „мајмунски сипаници“
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН