| четврток, 6 декември 2018 |

Милан прави милионер од 16-годишен тинејџер

00577136

Раководството на Милан, во Џанлуиџи Донарума го гледа својот голман за долги години напред. Донарума, 16-годишниот голман веќе четири натпревари е меѓу првите под рамката на голот на росонерите, откако дебитираше против Сасуоло и го го замени Диего Лопез.
Споредбите со легендата Џанлуиџи Буфон не запираат, а голманот број еден во историјата на Италија, кој дебитираше пред 20 години, исто така, го пофали својот 20 години помлад колега. Шефовите на црвено-црните потпишаа тригодишен договор со Донарума во текот на летото во вредност од 160.000 евра по сезона, а сега ќе биде обновен до 30 јуни 2019 година. Причината е дека не може да потпише договор на подолг период на оваа возраст. Интересно е дека ученикот ќе почне да заработува по еден милион евра по сезона, со зголемувањето на платата.
Пред да го парафира договорот со Милан ова лето, неговиот агент Мино Раиола, пристигна во канцелариите на росонерите со многу сериозна понуда од Ајакс за неколку милиони евра.

gianluigi-donnarumma

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top