Дали претстојното Ел Класико може да се претвори во пекол за Реал Мадрид? Првото дерби во оваа сезона меѓу кралскиот клуб и каталонците од 12-тото коло во Ла лига, ќе се одигра во сабота во 19,15 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во шпанската престолнина.
Дуелот ќе започне со исполнување на француската химна и на тој начин ќе биде оддадена почит на жртвите од терористичките напади во Париз.
Во моментов Барселона се наоѓа во подобра форма и Ел Класико доаѓа во соодветен момент. Каталонците се лидери на табелата и имаат три поени предност пред Реал Мадрид, што е многу важно.
Освен тоа Лионел Меси се враќа по повредата и ќе биде исклучително мотивиран. Реал Мадрид е изложен на повисок напон, бидејќи ако го загуби дербито, ќе заостане зад Барселона со шест поени, а освен тоа ќе им претстои и натпревар на „Камп Ноу“. Ел Класико може да се претвори во пекол за Реал Мадрид.
Иако Меси сака да земе учество во натпреварот, тој треба да мисли и за иднината, бидејќи на Барселона и претстојат уште многу натпревари. Ако тимот губи или натпреварот е нерешен, можеби ќе биде подобро Меси да се појави на теренот. Се зависи од одлуката на Луис Енрике. Очигледно само Енрике и Лео знаат дали аргентинецот ќе игра во дербито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.