| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо до зори се забавува со „Мис Бахами“

 

00577051

Најновите озборувања за интимниот живот на Кристијано Роналдо се поврзани со неговиот однос со новата „Мис Универзум Бахами“, пишува португалскиот весник „Correio da Manha“.
11875312_1673080429591124_1201235604_n

Минатата недела 30 годишната фудбалска ѕвезда, во Лондон го претстави својот биографски филм, а вечерта до рани зори се забавуваше во друштво на шармантната Торино Никол Пен, која ќе учествува и на меѓународниот конкурс „Мис Универзум“.
Двајцата се забавувале во лондонскиот бар „Century Club“, а убавицата си заминала во 5,30 часот наутро. Голгетерот го напуштил клубот 15 минути подоцна.
– Роналдо е прекрасен, но јас имам партнер, признава мисицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top