Како што соопшти ФЗОМ, резултатите се дел од реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија „Фондот се грижи за хроничните болни“. Комуникацијата во кол центарот се одвива со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта со осигуреници со трите хронични заболувања за да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста.
Осигурениците поттикнати од јавувањата, се наведува во соопштението, се интересираат и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување и бараат дополнителни информации за лекови на позитивната листа.
Тимовите се составени од вработени од повеќе подрачни служби од Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови