Пејачката Карли Сајмон во интервјуто за магазинот „Пипл“ открива дека првиот сексуален однос го имала на само седум години.
Таа тврди дека ја злоупотребувал семеен пријател, кој во тоа време бил тинејџер.
– Беше одвратно. Тоа на долг рок го промени мојот став кон сексот – изјави Сајмон.
Карли натаму открива дека на нејзините сестри им раскажала што и се случило, но тие не ѝ верувале. Дека таа цело време ја зборува вистината тие сфатиле дури откако им ја покажала копијата на нејзината автобиографија „Децата на дрвото“.
– Ниту една од нив не беше свесна што ми се случи. Им кажав уште првата година кога се случи тоа, но тие мислеа дека се обидувам да бидам како постарите девојчиња – раскажува Сајмон.
Денес 70-годишната Сајмон признава дека прво мислела оти тоа е вистинска љубов, па го криела нивниот однос бидејќи сакала да трае, иако верувала дека тоа е љубов, таа дури потоа сфатила дека всушност станува збор за злоупотреба.
Таа смета дека нејзината мајка најверојатно сфатила што се случува, бидејќи на момчето едно лето без причина му забранила да доаѓа кај нив.
– Бев тажна бидејќи мислев дека тоа е вистинска љубов. Мислам дека тоа се случува со многу девојчиња, нивното либидо надминува сè. Ги чувствувате тие работи дури и кога имате девет или десет години. А понекогаш постои начин да го изразите тоа. Се обложувам дека се случува почесто од колку што знаеме – изјави Сајмон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.