| четврток, 6 декември 2018 |

Поради здравствени проблеми Ким Кардашијан ќе мора итно предвреме да се пораѓа

Како што се чини бебето на Ким Кардашијан и на Кање Вест ќе пристигне порано од што е планирано.

насловна ким

35-годишната ѕвезда на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ е бремена со второто дете и нејзиниот термин е на католички  Божик. Меѓутоа, неодамна се појавија информации дека нејзините доктори планираат бебето да го породат порано поради здравствените проблеми на мајката и дека породувањето е закажано за следната недела.

ким трудна

Извор  близок до старлетата, пак, вели наводите „не се точни“, туку дека Ким го чека нејзиниот термин и дека детето ќе го донесе со природен пат. Брачната двојка Кардашијан – Вест имаше многу проблеми да го добие второто дете, а Ким за време на бременоста страдала од голем број на здравствени компликации.

-Имам впечаток дека го преживеа секој можен проблем во бременоста и постојано се грижам поради тоа – кажала Ким и додала:„Бременоста ми е високоризична и свесна сум дека сè може да тргне наопаку и тоа ме прави да бидам уште понервозна. Се чини дека бременоста и јас не си одговараме – додава мајката на двегодишната Норт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top