| четврток, 6 декември 2018 |

Започнаа подготовките за снимање на „Лазар“

Со отворање јавен повик за актери и за статисти, оваа недела почнуваат интензивните подготовки за снимањето на новиот филм на Светозар Ристовски со работен наслов „Лазар“.

На 12 април од 10 до 18 часот во просториите на џепното кино на „Вардар филм“ ќе се одржи отворена аудиција за професионални актери. На истото место и термини, во текот на следните два дена (13 и 14 април) ќе има отворена аудиција и за непрофесионални актери и статисти. Вториот дел на кастинготќе се одвива во Штип на 21 април 2013, а аудицијата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Штип.

Филмот „Лазар“ е приказна за млад човек кој на прагот на својата зрелост мора да избира меѓу своите амбиции и чувства. Жанровски станува збор за современа, психолошка крими-драма и се случува во посткомунистичка Македонија. Најголемиот дел на филмот ќе се снима на територијата на Република Македонија, а мал дел во Република Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top