Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска нареди да се засилат воздушните удари на француските авиони против џихадистите од Исламистичка држава во Ирак и Сирија, соопштено е од неговиот кабинет.
– Франсоа Оланд даде неоопходни инструкции за интензивирање на воените операции кои се во тек во Сирија и во Ирак, се наведува во соопштението, кое го пренесува Танјуг.
Соопштението е објавено по состанокот на Оланд со министрите од неговиот кабинет и воените команданти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



