| четврток, 6 декември 2018 |

Таа се вика Марија, изгледа фантастично и го контролира Путин

марија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, стана директор на службата за комуникации и информации во август оваа година. Оттогаш па до денес, многу работи се случија во Русија и воопшто во надворешната политика, а сепак актуелната руска интервенција во Сирија е она што претставува пресвртница во односите не само на овие две земји, туку и на сите останати држави кои имаат директен или индиректен однос со целиот проблем.

Таа често нагласува дека уште една операција за насилна промена на власта на Блискиот исток не само што ќе ја попречи борбата со тероризмот и може да стави точка на државноста на сириската држава, туку и „ќе стане најопасниот елемент во деструктивниот ланец на настаните во регионот“. Така го објасни инсистирањето на Русија да го зачува сирискиот државен апарат и сирискиот народ да донесе одлука за Асад.

-Регионот не може да издржи уште една црна дупка. Тој може да стане, не само група на неколку земји во пламен, туку и целиот може да експлодира. И што потоа? А, токму тоа ѝ треба на Исламската држава. Уште една територија на хаос многу ѝ одговара – тврди Захарова и потсетува дека бранот на тероризмот во Ирак почна токму откако Вашингтон се вмеша во внатрешните работи на земјата.

марија2
Захарова, измеѓу другото, изјави дека терористите на Исламската држава и понатаму добиваат големи количини на оружје и муниција, но дека прашањето за изворите на оружјето кое цело време им се поставува на руските партнери, сепак останува отворено.

-Планираме да разјасниме кои вооружени групи го поддржуваат тероризмот- изјави Захарова во една прилика.
Таа неколку пати нагласуваше дека властите во САД не покажаа никакви докази дека руските воздухопловни сили наводно погодувале цивилни објекти во Сирија, како ни дека погодувале позиции на т.н. умерена опозиција.

марија3

-Планираме да разјасниме кои вооружени групи го поддржуваат тероризмот- изјави Захарова во една прилика.
Таа неколку пати нагласуваше дека властите во САД не покажаа никакви докази дека руските воздухопловни сили наводно погодувале цивилни објекти во Сирија, како ни дека погодувале позиции на т.н. умерена опозиција.

Инаку, Захарова, која работи во министерството од 1998 година, почнала своја кариера на уредник, работела неколку години како шеф на прес – службата на руската постојана мисија на Обединетите нации во Њујорк, пред да биде именувана за заменик директор во одделението за иинформации и печат.

Има дипломатски ранг на министер – советник, а исто така е и популарна блогерка. Покрај, секако, рускиот јазик, течно зборува и англиски и кинески јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top