| четврток, 6 декември 2018 |

Природонаучниот музеј, најстарата музејска институција, ќе се осовременува

Најстарата музејска институција кај нас, Природонаучниот музеј, ќе се осовременува и ќе се подобруваат условите за работа. Чуварот на природните богатства има преку 300.000 примероци на животни, инсекти, растенија. Ќе се осовременуваат тематските,  постојаните музејски поставки и депоата. Проектот за санација ќе биде комплетно завршен во 2017 година.

DSC_0122

-Ова се два клучни проекта кои ќе завршат до крајот на 2017 година. Избрана е фирма што ќе ги изведува проектите и веќе од недела ќе почне интензивно со работа – изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.

В година, кога Природонаучниот музеј одбележува 90 години од своето постоење ќе се отвори нова музејска поставка. Директорот на музејот вели дека проектот се реализира според планот.

-Има волја, сила и знаење овде, за сето ова да се направи во најдобар можен ред изјави Исмет Мехмети, директорот на Природонаучниот музеј на Македонија.

DSC_0089

Во салата што ќе се реновира трае изложбата „Чудесниот свет на пајаците“. За два месеца ја виделе над 8.000 посетители, најголем дел од нив, ученици. Во стаклени терариуми се претставени живи, егзотични видови на пајаци од сите континенти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top